живот

Во Ангола откриен еден од најголемите розови дијаманти во историјата

- Розовиот дијамант од 170 карати, наречен „Луло роза“, е најреткиот и најчист вид дијамант во природата.

Tufan Aktaş  | 27.07.2022 - Обновена : 28.07.2022
Во Ангола откриен еден од најголемите розови дијаманти во историјата

ИСТАНБУЛ (АА) - Австралиската рударска компанија „Лукапа дајмонд“ соопшти дека во Ангола открила редок розов дијамант од 170 карати, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на компанијата, еден од најголемите розови дијаманти во историјата е ископан во рудникот „Луло“ во Ангола.

Розовиот дијамант од 170 карати, наречен „Луло роза“, е најреткиот и најчист вид дијамант во природата.

Дијамантот е „најголемиот розов дијамант забележан во последните 300 години“.

Дијамантот ќе биде ставен на продажба на меѓународен тендер преку државната компанија за маркетинг на дијаманти на Ангола. Сѐ уште не е утврдена неговата парична вредност.

Дијамантино Азевадо, министер за минерални ресурси на Ангола, истакна дека овој вреден дијамант е показател дека Ангола е важен играч во светски размери во областа на благородните метали.

По нафтените деривати, дијамантите и благородните метали се меѓу најважните извозни производи на Ангола.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın