Michael Hernandez
05 Септември 2018•Ажурирај: 06 Септември 2018
ЊУЈОРК (АА) - „Американскиот претседател Доналд Трамп ќе свика седница на Советот за безбедност на ОН за крајот на септември“, изјави Ники Хејли, американската амбасадорка во ОН, пренесува Anadolu Agency (AA).
Таа синоќа истакна дека таа седница ќе биде фокусирана на Иран. САД во септември претседаваат со Советот за безбедност на ОН.
Хејли изјави дека Советот ќе заседава во петок за ситуацијата во Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, каде што се подготвува офанзива на силите лојални на режимот на Башар ал Асад, Русија и Иран.
„Се надеваме дека тоа ќе го запреме пред да започне“, изјави Хејли.