Ahmet Gürhan Kartal
20 Декември 2017•Ажурирај: 21 Декември 2017
ЛОНДОН (АА) - Транзицискиот период за Брегзит не треба да продолжи и по 31 декември 2020 година, соопштија денес од ЕУ, пренесува Аnadolu Agency (AA).
Во документот на Европската Унија се наведува последниот ден на транзицискиот период да биде крајот на 2020 година.
„Подготвителниот период за транзиција треба да важи од датумот на влегување во сила на Договорот за повлекување и не треба да трае по 31 декември 2020 година“, се вели во документот.
Условите за транзициониот период сè уште треба да се договараат меѓу двете страни.
Крајниот датум предложен од Европската Унија се совпаѓа со крајот на седумгодишниот буџет на ЕУ.