свет

ЕУ подготвува план за енергетска криза

- Претседателката на Европската Унија, Урсула фон дер Лајен, истакна дека ЕУ работи на итен план за решавање на можниот недостаток на гас доколку Русија одлучи да ги запре своите испораки

Selen Temizer  | 02.07.2022 - Обновена : 04.07.2022
ЕУ подготвува план за енергетска криза

БРИСЕЛ (АА) - Претседателката на Европската Унија, Урсула фон дер Лајен, потврди дека Блокот работи на план за решавање на енергетската криза што ќе биде објавен во средината на јули, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Фон дер Лајен го објави тоа на заедничката конференција за новинари со чешкиот премиер Питер Фиала во Чешка.

Осврнувајќи се на мотото на чешкото претседавање „Европа како задача: преиспитување, обнова, поволно зајакнување“, Фон дер Лајен рече дека овие елементи се на дневниот ред на Комисијата на ЕУ.

„Цените на енергиите се високи. Луѓето, со право, од нас очекуваат да сториме нешто по ова прашање“, рече Фон дер Лајен, додавајќи дека работат на целите за преоѓање од руска нафта и природен гас на други доверливи доставувачи, намалувајќи ја побарувачката низ заштеда на енергија и ефикасност.

Истакнувајќи дека Комисијата работи на итен план за решавање на можниот недостаток на гас доколку Русија одлучи да ја запре својата испорака, Фон дер Лајен истакна:

„Потребен ни е добар, заеднички план гасот да тече таму каде што е најпотребен.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.