Ata Ufuk Şeker
29 Ноември 2021•Ажурирај: 30 Ноември 2021
БРИСЕЛ
Европската Унија (ЕУ) работи на нови правила за зголемување на медиумскиот плурализам и зајакнување на секторот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тиери Бретон, еврокомесар одговорен за внатрешниот пазар, се обрати на Европскиот медиумски форум што се одржа во Брисел.
Наведувајќи дека Комисијата на ЕУ следната година ќе го претстави предлог-законот за слобода на медиумите за да се обезбеди интегритет и независност на медиумскиот сектор, Бретон рече: „Сакаме да го зголемиме плурализмот во медиумите и да ја зајакнеме отпорноста на секторот како целина.“
Посочувајќи дека медиумските компании сакаат да преземат мерки на претпазливост против какви било неоправдани мешања во нивните активности, Бретон додаде:
„Треба да се погрижиме да обезбедиме плурализам во медиумите, вклучително и онлајн медиумите, за да никој не стане преголем и да ја игнорира јавната дебата.“
Наведувајќи дека законот ќе ги спречи интервенциите на странските актери во медиумскиот сектор во Европа, Бретон посочи дека тие градат инклузивна медиумска политика погодна за дигиталната ера.
Бретон меѓу другото нагласи дека Комисијата ќе се консултира со претставниците на медиумите и со трети страни пред да биде усвоен новиот закон.