свет

ЕУ му изрече на „Гугл“ парична казна од 1,5 милијарди евра

Европската комисија донесе одлука за изрекување на парична казна од 1,49 милијарди евра за американската компанија „Гугл“, поради злоупотреба на пазарниот монопол во апликацијата за маркетинг AdSense

Ata Ufuk Şeker  | 20.03.2019 - Обновена : 21.03.2019
ЕУ му изрече на „Гугл“ парична казна од 1,5 милијарди евра

БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) ја казни американската корпорација „Гугл“ (Google) со 1,49 милијарди евра поради злоупотреба на пазарот, поради злоупотреба на својата монополна позиција за апликацијата за маркетинг AdSense, јавува Anadolu Agency (AA).

Европската комисија донесе одлука за изрекување на 1,49 милијарди евра парична казна за американската компанија „Гугл“, поради злоупотреба на пазарниот монопол во апликацијата за маркетинг AdSense.

Во соопштението од Европската комисија се истакнува дека е утврдено дека „Гугл“ во своите договори со трети интернет-страници вовел одредени ограничувања, за да се заштити од притисокот на конкуренцијата. Со овие ограничувања на конкурентите им е оневозможено да објавуваат реклами на споменатите интернет-страници.

Европската Унија во јуни 2017 година изрече парична казна за компанијата „Гугл“ во износ од 2,42 милијарди евра и ѝ даде на компанијата рок од три месеци да го измени спорниот начин на работа, кој се однесува на злоуотребата и монополот над интернет пребарувањето.

Потоа во август 2018 година, ЕУ на компанијата „Гугл“ ѝ изрече рекордна парична казна во вредност од 4,3 милијарди евра поради кршење на пазарните норми со Андроид, оперативниот систем за мобилни уреди.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın