свет

Kараџиќ правосилно осуден на казна доживотен затвор

Читањето на пресудата од претседавачот на Советот, со која е осуден на поминување на остатокот од животот зад решетки, поранешниот претседател на Република Србија го следеше речиси без никаква реакција

Adis Karaca  | 20.03.2019 - Обновена : 21.03.2019
Kараџиќ правосилно осуден на казна доживотен затвор

САРАЕВО (АА) - Жалбениот совет на Меѓународниот механизам за кривични судови (ММКС) ја потврди пресудата на Радован Караџиќ за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото и ја зголеми казната од 40 години на доживотен затвор, јавува Anadolu Agency (AA).

Читањето на пресудата од претседавачот на Советот, данскиот судија Вагн Јоенсен, со која е осуден на поминување на остатокот од животот зад решетки, поранешниот претседател на Република Србија и Српската демократска партија го следеше без речиси никаква реакција.

Претседавачот на Советот рече оти смета дека првостепената казна од 40 години била неадекватна со оглед на невидените размери и бруталноста на злосторството. Судијата Јоенсен, исто така, изјави дека казната е неадекватна кога ќе се спореди со осудените кои добиле доживотни казни затвор.

Данскиот судија изјави дека сите точки на првостепената пресуда се потврдени, освен неколку инциденти од општините.

Караџиќ правосилно е прогласен за виновен за геноцид на подрачјето на Сребреница во 1995 година, и за прогон, истребување, убиство, депортација, нехумани дела (принудно преместување), тероризирање, противправни напади на цивилите и земање заложници.

Жалбениот совет потврди дека Караџиќ сторил злосторства преку учество во четири здружени злосторнички потфати, и тоа во здружен злосторнички потфат со цел босанските Муслимани и босанските Хрвати трајно да се отстранат од подрачјата на БиХ на кои босанските Срби полагаа право, и тоа со правење злосторство во општините низ БиХ, и во здружен злосторнички потфат чија цел беше ширење терор меѓу цивилното население на Сараево и спроведување кампања за снајперско дејствување и гранатирање на цивилното население.

Истото се однесува на неговото учество во здружениот злосторнички потфат со заедничка цел припадниците на ОН да бидат земени како заложници за да се присили НАТО да се воздржи од воздушни напади на воените цели на босанските Срби и во здружениот злосторнички потфат за елиминирање на босанските Муслимани од Сребреница во јули 1995 година.

Жалбениот совет, со исклучок на мислењето на судијата Ден Праде, имаше став дека обвинителите не покажале оти е донесена грешка при заклучокот дека Караџиќ не е виновен за геноцидот во 1992 година во седум босанскохерцеговски општини.

Пресудата за Караџиќ во судницата на ММКС е проследена со аплаузи и свирење.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın