Yusuf Hatip
21 Април 2018•Ажурирај: 22 Април 2018
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) реагираше околу случајот во кој беше застрелан еден 15-годишен Палестинец од израелските војници, за време на мировните демонстрации кои се одржаа вчера во Појасот Газа, која е под блокада, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Службата за надворешни односи на ЕУ се изразува жалост поради застреланиот 15-годишен Палестинец од страна на израелските војници.
Во соопштението се упатува апел до израелските војници да не користат несразмерна сила врз невооружените демонстранти.
Четворица Палестинци, меѓу кои и 15-годишниот Мухамед Ибрахим Ејуп, беа застрелани од израелските војници за време не демонстрациите кои се одржаа во знак на „Големиот марш за враќање“ на границата на Газа.
Во нападите на израелските војници, извршени од почетокот на демонстрациите на 30 март, досега животот го загубија 39, додека околу 4.000 Палестинци се повредени.