Ekip
31 Август 2022•Ажурирај: 01 Септември 2022
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) ќе го откаже договорот за визно олеснување со Русија, но нема да има општа забрана за издавање визи, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Членовите на Советот на ЕУ не можат да донесат едногласна одлука за воведување целосна забрана за Русија“, рече Петер Сијарто по неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Прага, главниот град на Чешка.
Тој нагласи дека ЕУ ќе го укине договорот за визно олеснување со Русија, наведувајќи дека мнозинството земји членки на ЕУ го поддржуваат овој потег.
Забрана за издавање туристички визи за Русите низ ЕУ предложија Естонија, Латвија и Финска.
Земјите членки на ЕУ не се согласуваат со овој предлог. Франција, Германија и други земји, наместо тоа, побараа суспензија на договорот за олеснување на визниот режим, тврдејќи дека ЕУ не треба да ги прекине врските со рускиот народ.