Ata Ufuk Şeker
14 Март 2017•Ажурирај: 14 Март 2017
БРИСЕЛ (АА) – Европската Унија (ЕУ) одлучи да ги продолжи за 6 месеци санкциите насочени кон украинските сепаратисти и кон руските функционери, поради заканувачките активности врз територијалниот интегритет, суверенитетот и кон независноста на Украина, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение на Советот на Европа се вели дека поради заканувачките активности за територијалниот интегритет, суверенитетот и за независноста на Украина, дополнителните санкции и визното ограничување кон украинските сепаратисти и кон руските функционери се продолжува до 15 септември 2017 година.
Во соопштението се наведува дека на листата за санкции се наоѓаат 37 компании и 150 лица, на кои им е замрзната материјалната сопственост и им е воведена визна забрана.