Ömer Tuğrul Çam
16 Октомври 2020•Ажурирај: 17 Октомври 2020
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ), на листата на лица против кои ќе се применуваат санкции, вклучи уште седум новоименувани министри на Асадовиот режим во Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Европскиот совет, со последното дополнување, бројот на лица од редовите на Асадовиот режим против кои ќе се применуваат санкции се зголеми на 280.
На листата исто така се наоѓаат и 70 институции. Санкциите вклучуваат забрана за патување и замрзнување на имотите.
Во рамки на рестриктивните мерки кои ЕУ од 2011 година ги применува против режимот се вклучени и забрана за увоз на нафта и на некои инвестиции, замрзнување на имотите на Централната банка на Сирија во ЕУ, како и ограничување на режимот да извезува опрема и технологии кои се користени во вршењето притисок врз народот и во спречувањето на комуникацијата.