свет

Етиопија: Десетици илјади луѓе демонстрираа против бунтовниците од Тиграј

Десетици илјади Етиопјани се собраа на плоштадот „Мескел“ во Адис Абеба, демонстрирајќи солидарност со безбедносните сили, кои исто така со транспаренти и пароли ги осудија активностите на Народниот фронт за ослободување на Тиграј (ТПЛФ)

Adam Abu-bashal  | 22.07.2021 - Обновена : 23.07.2021
Етиопија: Десетици илјади луѓе демонстрираа против бунтовниците од Тиграј Фото: Minasse Wondimu Hailu/AA

АДИС АБЕБА (АА) – Во Етиопија десетици илјади луѓе демонстрираа за да ги осудат постапките на бунтовниците на Народниот фронт за ослободување на Тиграј​​​​​​​ (TPLF), јавува Агенција Анадолија (АА)

Десетици илјади Етиопјани се собраа на плоштадот „Мескел“ во главниот град Адис Абеба, демонстрирајќи солидарност со безбедносните сили.

Демонстрантите исто така со транспаренти и пароли ги осудија активностите на ТПЛФ.

Гемечу Тола, кој учествуваше во демонстрациите, за АА истакнува дека ТПЛФ ја искористи својата шанса да владее со Етиопија.

„[ТПЛФ] управуваше со земјата 27 години со брутално кршење на човековите права. Беше исфрлен од власта со жртвувањето на младите во Оромија и Амхара“, рече Тола.

Истакнувајќи дека политиката на ТПЛФ ја дели нацијата, Тола нагласи дека народот на Тиграј мора да се ослободи од ТПЛФ.

Аданеч Абебе, градоначалничката на Адис Абеба, рече дека Етиопија во моментов минува низ еден од најтешките периоди во својата историја.

„Тажно е да се види дека странските лобисти и некои меѓународни медиуми продолжуваат да ја поддржуваат терористичката организација, дури и откако ќе видат како ТПЛФ регрутира деца“, додаде Абебе.

ТПЛФ до промената на власта во 2018 година управуваше со земјата 27 години со четирипартиска коалиција наречена Етиопски народен револуционерен демократски фронт.

- Едностран прекин на огнот беше прогласен во регионот Тиграј -

Етиопската Влада на 28 јуни соопшти дека прогласила едностран прекин на огнот во Тиграј.

Повеќе од 1,7 милиони луѓе беа раселени во покраината откако бунтовничките сили ТПЛФ, кои своевремено владееја со провинцијата Тиграј, ги нападнаа трупите на Северната команда на Етиопија на 3 ноември 2020 година и откако премиерот Абиј Ахмед реши да преземе воена акција против ТПЛФ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.