Tufan Aktaş
28 Јуни 2018•Ажурирај: 28 Јуни 2018
АДИС АБЕБА (АА) - Во главниот град на Етиопија, Адис Абеба, во пожар, кој изби на најголемиот отворен пазар Меркато, уништени се околу 50 продавници, јавува Anadolu Agency (AA).
Соломон Меконен од Управата за итни случаи и заштита од пожар, за АА изјави дека синоќа на пазарот биле уништени околу 50 продавници.
Меконен тврди дека во пожарот нема загинати, а исто така наведе дека огнот е ставен под контрола неколку часа по пожарот.
Големиот пожар изби во близина на џамијата „Гранд Анвар“, која не е оштетена, а запален е покривот на медресата која се наоѓа во соседниот двор.