свет

Ерупцијата на вулканот во Тонга предизвика еколошка катастрофа во Перу

Нафтата која истече во морето во округот Вентанила во саботата, стигна до брегот во областа Лима вчера.

21.01.2022 - Обновена : 24.01.2022
Ерупцијата на вулканот во Тонга предизвика еколошка катастрофа во Перу Foto> Klebher Vasquez/AA

ЛИМА (АА) - Властите на Перу соопштија дека по ерупцијата на вулканот во Тонга, од рафинеријата „Ла Пампила“ дошло до излевање на нафта покрај брегот на таа земја, што предизвикало еколошка катастрофа во околината на Лима, пренесува Агенција Анадолија (AA).

Нафтата која истече во морето во округот Вентанила во саботата, стигна до брегот во областа Лима вчера.

„Ова е најлошата еколошка катастрофа што се случила во областа Лима во последно време и им нанесе сериозна штета на стотици рибарски семејства“, соопшти Министерството за животна средина.

„Повеќе од 6.000 барели нафта протекоа поради брановите што ја погодија рафинеријата по вулканската ерупција во Тонга“, изјави перуанскиот министер за животна средина, Рубен Рамирез.

Властите во Вентанила во четвртокот побараа од Владата да прогласи вонредна состојба во областа по излевањето на нафтата.

Перуанскиот претседател Педро Кастиљо, заедно со министерот за животна средина, Рамирез и претседателката на Советот на министри, Мирта Естер Васкез Чукилин, го посетија едно од најтешко погодените одморалишта во Вентанила по излевањето на нафтата за да го потпишат врховниот декрет за прогласување вонредна состојба во земјата.

Земјотресот предизвикан од ерупцијата на вулканот Хунга-Тонга-Хунга-Хаапаи бил со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала.

Ерупцијата траеше осум минути и предизвика цунами бран од 1,2 метри во главниот град Тонга, оддалечен 64 километри.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.