Zehra Nur Düz
20 Јануари 2020•Ажурирај: 21 Јануари 2020
МАНИЛА (АА) - Околу 50.000 семејства се погодени во ерупцијата на вулканот Таал на Филипините, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите на Филипинската државна новинска агенција (PNA), вкупно 203.000 лица кои живеат во погодените подрачја ги почувствувале последиците на еден од најактивните вулкани на Филипините.
Повикувајќи се на Националниот совет за управување со ризици, локалните медиуми јавуваат дека околу 27.000 семејства се сместени во повеќе од 400 центри, додека уште најмалку 18.000 семејства добиле помош од државата.
По ерупцијата на вулканот Таал на 12 јануари се откажани стотици летови на Меѓународниот аеродром во Манила.
Во меѓувреме, властите прогласија состојба на катастрофа во погодените покраини Батангас и Кавита, додека жителите и понатаму бегаат од регионот како последица на постојаните закани од опасната ерупција на вулканот.