Еруптираше индонезискиот вулкан Левотоби исфрлајќи пепел до 11 км надморска височина
Надлежните ги предупредија граѓаните дека треба да се избегнува движење во радиус од најмалку 2 километри околу центарот на ерупцијата.

СКОПЈЕ (АА) – Вулканот Левотоби Лаки-Лаки, лоциран во источниот дел на Нуса Тенгара во Индонезија, еруптираше вчера, исфрлајќи пепел до 11 километри надморска височина, јавува Анадолу.
Сместен на туристичкиот остров Флорес, овој вулкан доби зголемување на нивото на тревога на највисокото – четврто ниво – уште во понеделникот, според Центарот за вулканологија и ублажување на геолошки опасности на Индонезија.
Јоханес Коли Соривутун, од набљудувачката станица за вулкани, ги повика граѓаните да останат смирени и да ги следат насоките од властите. Тој предупреди дека треба да се избегнува движење во радиус од најмалку 2 километри околу центарот на ерупцијата.
Во меѓувреме, Јапонската метеоролошка агенција внимателно ја следи ситуацијата, со цел да утврди дали ерупцијата може да предизвика цунами, пренесе јапонскиот јавен сервис НХК (NHK).
Индонезија се наоѓа во таканаречениот пацифички „огнен прстен“, подрачје со висока сеизмичка активност.
Земјата има над 130 активни вулкани, што ја прави една од вулкански најактивните подрачја во светот.