Yavuz Aydın
11 Јануари 2023•Ажурирај: 13 Јануари 2023
АНКАРА (АА) - Заменик-министерот за одбрана на Ерменија, Арман Саркисјан, изјави дека се размислува жените да служат воен рок на доброволна основа, по големиот интерес за обуката во пукање, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Во моментов сме во фаза на подготовка на нацрт-закон. Ќе го претставиме нацртот кога ќе завршат дискусиите на оваа тема. Сега можам само да кажам дека воениот рок на жените ќе се заснова на доброволна основа“, рече Саркисјан, објави новинската агенција „Арменпрес“ (ARMENPRESS).
Саркисјан изјави дека сакаат да го искористат потенцијалот на жените кои сакаат и имаат можност да придонесат за зголемување на нивото на борбена готовност на Вооружените сили.
Според законот, мажите на возраст од 18 до 27 години во Ерменија се обврзани да служат војска 24 месеци, додека мажите на возраст од 27 до 50 години можат да бидат повикани на должност доколку се прогласи мобилизација.