Rabia İclal Turan
18 Септември 2023•Ажурирај: 19 Септември 2023
ЊУЈОРК (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, синоќа се состана во Њујорк со лидерот на Тесла, Илон Маск. На средбата Ердоган го повика Маск да дојде да ја посети Туркије и од него побара таму да ја отвори седмата фабрика за автомобили Тесла, известува Анадолу.
Средбата се одржа во Туркеви, импозантниот облакодер на Менхетн. За време на состанокот Ердоган го информираше Маск, лидерот на Тесла и на СпејсХ, за технолошките остварувања и напредокот што Туркије го постигнува последниве години.
Од Дирекцијата за комуникации информираа дека Ердоган го повикал Маск својата седма фабрика за производство на автомобили Тесла да ја отвори во Туркије.
„Претседателот Ердоган изјави дека можностите за соработка со СпејсХ би можеле да се движат во рамките на Турската вселенска програма и го повика Маск на Технофест што ќе се одржи во Измир“, се вели во соопштението.
Маск за возврат рече дека голем број турски производители и снабдувачи веќе работат со Тесла и дека Туркије е меѓу најважните кандидати за следната фабрика.
Како одговор на понудата на претседателот Ердоган за соработка со сателитската услуга Старлинк на СпејсХ, како и во подрачјето на вештачката интелигенција, Маск рече дека сакаат да соработуваат со турските власти.
За време на состанокот Ердоган го спомена и успехот на Туркије со производството на беспилотното летало Бајрактар ТБ2, на што Маск одговори дека е свесен за светскиот интерес за беспилотното летало Бајрактар.