Enes Kaplan
15 Ноември 2020•Ажурирај: 15 Ноември 2020
АНКАРА
Дводржавното решение мора да биде разгледано на Кипар врз бза на суверена еднаквост, рече претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Постојат два различни народи и две одделни држави на Кипар. За дводржавно решение треба да се разговара на база на суверената еднаквост", рече Ердоганна церемонијата по повод 37. годишнина од постоењето на Турската Република Северен Кипар.
Ердоган рече дека кипарските Турци се единствената жртва на кипарското прашање и дека со години се игнорирани, а нивните права загрозени.
Ердоган рече дека приоритет на Анкара е да постигне одрживо решение на Кипар и да ги обезбеди легитимните права и безбедноста на кипарските Турци.
За неодамнешното повторно отворање на напуштениот град Марас, во Северен Кипар, Ердоган рече дека целта на овој чекор беше да се отстранат постоечките обвинувања, а не да се создадат нови.
Воедно, Ердоган рече и дека ниту едно решение во Источниот Медитеран, во кое Турција и Турската Република Северен Кипар не учествуваат, не може да донесе мир.
Турскиот претседател порача дека решително ќе продолжат сеизмичките истражувања и дупчења во Источниот Медитеран, додека не биде постигнат праведен договор.