свет

Ердоган во Катар пречекан со највисоки државни почести

Химните на двете земји беа интонирани на свечената церемонија одржана во Емиратската палата во Доха, по што Ердоган и Ал Тани го започнаа состанокот

Sefa Mutlu  | 07.12.2021 - Обновена : 07.12.2021
Ердоган во Катар пречекан со највисоки државни почести Фото: Emrah Yorulmaz/AA

ДОХА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган престојува во посета на Катар, каде со највисоки државни почести беше пречекан од емирот на Катар Тамим бин Хамад ал Тани, јавува Агенција Анадолија (АА).

Химните на двете земји беа интонирани на свечената церемонија одржана во Емиратската палата во Доха, по што Ердоган и Ал Тани го започнаа состанокот.

На приемот присуствуваа турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, турскиот министер за одбрана Хулуси Акар, турскиот министер за трговија Мехмет Муш, министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли, министерот за здравство Фахретин Коџа и шефот на Канцеларијата за верски работи (Дијанет) Али Ербаш.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.