Sena Güler
21 Јуни 2020•Ажурирај: 22 Јуни 2020
ИСТАНБУЛ
Во Средоземното море во последните осум години страдаа околу 25.000 луѓе, воглавно жени и деца, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Во последните осм години 25.000 луѓе, од кои повеќето жени и деца, починаа во подмолните води на Средоземјето", рече Ердоган во видеообраќањето во текот на церемонијата на затворањето на Меѓународниот фестивал на филмот за миграции.
Рече тека тие луѓе тргнале со надеж во посигурна иднина, меѓутоа, повеќето патувања завршија со смрт.
„Не е позната судбината на околу 10.000 сириски деца кои бараа азил во Европа", додаде Ердоган.
Агенција Анадолија е глобален партнер за комуникации, а Меѓународниот филмски фестивал за миграции го поддржува Министерството за култура и туризам на Турција. Фестивалот се одржува во организација на Министерството за внатрешни работи под покровителство на турското претседателство.
Вкупно 45 филмови од 30 земји од 14 до 21 јуни беа достапни за гледање преку интернет бесплатно. Целта на фестивалот е да се нагласи дека „миграциите биле вообичаена приказна која ја искусија сите нации низ својата историја" и да ја покрене совеста за тоа прашање.