свет

Експерт на ОН повика на крај на двојните стандарди против Меѓународниот кривичен суд

- Маргарет Сатертвејт вели дека заканите и санкциите против МКС „промовираат култура на неказнивост“

Rabia İclal Turan  | 23.10.2025 - Обновена : 23.10.2025
Експерт на ОН повика на крај на двојните стандарди против Меѓународниот кривичен суд

ВАШИНГТОН (АА) - Експерт за човекови права на ОН денес повика на крај на двојните стандарди против Меѓународниот кривичен суд (МКС), чии судии се санкционирани од САД откако издадоа налози за приведување на израелски функционери за воени злосторства во Појасот Газа, известува Анадолу.

„Ако секој човек е еднаков пред законот, постапките на МКС покажуваат дека истото важи и за жртвите и за сторителите“, рече Маргарет Сатертвејт (Margaret Satterthwaite), специјална известувачка на ОН за независноста на судиите и адвокатите, зборувајќи со новинарите во седиштето на ОН во Њујорк и додаде:

„Време е да се стави крај на двојните стандарди - меѓународната правда постои или не.“

Сатертвејт рече дека заканите и санкциите против МКС „промовираат култура на неказнивост“ и се мешаат во слободата на изразување и работата на бранителите на човекови права, нарекувајќи ги таквите постапки „некомпатибилни со меѓународното право“.

„Сакам многу јасно да ги повикам сите држави да ја почитуваат независноста на судот како судска институција и да ја заштитат независноста и непристрасноста на сите оние кои работат таму“, додаде таа.

САД во август воведоа санкции кон четворица службеници на МКС, вклучувајќи го и судијата кој ги одобри налозите за приведување на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант. Во февруари, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се воведуваат финансиски и визни ограничувања врз персоналот на МКС и секој што помага во истрагите за воени злосторства извршени од САД и нивните сојузници, вклучително и Израел.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın