Betül Yürük
13 Септември 2023•Ажурирај: 14 Септември 2023
ЊУЈОРК (АА) - Најмалку едно лице е убиено, а две се ранети од истрели на огнено оружје во едно средно училиште во американската сојузна држава Луизијана, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Настанот се случил во средното училиште „Гринсбург“, во сојузната држава Луизијана, а настраданите се ученици.
Властите соопштија дека осомничените се приведени.
Засега не е познат мотивот за нападот со огнено оружје.