свет

Една третина од вработените службеници на ОН биле жртви на сексуално вознемирување

Според резултатите на анкетата реализирана со 30.364 вработени во ОН спроведена на 6 јазика, во последните 2 години една третина од вработените биле сексуално вознемирувани

Betül Yürük  | 16.01.2019 - Обновена : 18.01.2019
Една третина од вработените службеници на ОН биле жртви на сексуално вознемирување

New York

ЊУЈОРК (АА) - Обединетите нации (ОН) објавија извештај во кој се открива дека во последните две години една третина од вработените биле сексуално вознемирувани, јавува Anadolu Agency (AA).

Според резултатите на онлајн-анкетата на консултантската компанија „Делоит“ (Deloitte) спроведена во име на ОН, во последните две години една третина од вработените во ОН биле подложени „на еден вид сексуално вознемирување“, било тоа да е во канцеларија или на терен. Во анкетата спроведена на 6 јазика учествувале 30.364 вработени во ОН.

Околу 22 отсто од испитаниците биле подложени на иритирачки сексуални приказни или шеги, на 14 отсто им биле упатени „грди“ зборови дека не изгледаат убаво во вркс со нивното тело, 10 отсто од испитаниците истакнале дека биле подложени на вознемирувачки гестови или изрази на лица од кои биле засрамени, додека 10 отсто нагласиле дека доживеале непријатни ситуации. Една третина од испитаниците истакнале дека упатиле жалба по сексуалното вознемирување.

Според истражувањето, две третини од тие што вознемирувале биле мажи. Во анкетата, којашто е спроведена за првпат, учествувале 17 отсто од вработените.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во писмото испратено до вработените во ОН, напиша дека нискиот процент на учество во анкетата покажува дека за да може да се дискутира за сексуалното вознемирување ќе треба да се изоди долг пат.

Тој, исто така, истакна дека анкетата спроведена за првпат ќе биде важен чекор за решавање на проблемот со сексуалното вознемирување и дека „нема да има толеранција“ за сексуалното вознемирување.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.