Aydoğan Kalabalık
26 Декември 2017•Ажурирај: 26 Декември 2017
КАИРО (АА) - Припадниците на египетската војска ќе ги обезбедуваат црквите за време на новогодишните празници, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на египетската армија, Тамир ер-Рифаи, потврди дека египетската армија ќе ѝ пружи поддршка на полицијата околу обезбедувањето и заштитата на црквите, воените и објектите на јавната администрација.

Според него, специјалните единици кои делуваат во рамките на војската, ќе бидат распоредени на претходно утврдени локации.
Рифаи изјави дека имплементацијата почнува денес на различни локации во земјата. Контролните пунктови ќе бидат поставени на подрачјата меѓу градовите.
Се претпоставува дека во Египет кој има население од 100 милиони луѓе, живеат околу 15 милиони христијани. Во последните години, црквите во Египет често се цел на терористичките организации, особено на ДЕАШ.