Ali Murat Alhas
02 Октомври 2020•Ажурирај: 02 Октомври 2020
БРИСЕЛ (АА) - Претседателот на Европскиот совет, Шарлс Мишел, утринава изјави дека Европската Унија (ЕУ) постигнала согласност за усвојување двонасочна стратегија кон Турција и дека сака да даде шанса за конструктивен политички дијалот, но предупреди дека доколку не дојде до тоа, тогаш би биле возможни сите опции, јавува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи на прес-конференцијата на самитот на лидерите на ЕУ, Мишел рече дека главните разговори на самитот се фокусирани на моменталната состојба во Источен Медитеран и односите меѓу ЕУ и Турција, како и санкциите за Белорусија.
Мишел рече дека договорот на Европската Унија (ЕУ) го охрабрува политичкиот дијалог заснован на заеднички интереси, но додаде дека ЕУ нуди целосна поддршка за Грција и за администрацијата на кипарските Грци и истакна дека Блокот очекува Анкара да преземе позитивни чекори.
Според Мишел, ЕУ повеќе би сакала да има позитивна агенда со Турција, за која очекува да не преземе никакви еднострани чекори. Тој рече дека ЕУ пактот ги поддржува и напорите за воспоставување дијалог меѓу Атина и Анкара и повторно започнување на кипарските преговори под покровителство на Обединетите нации (ОН).
Изјавувајќи дека лидерите кои учествуваат на самитот предложиле формирање мултилатерална конференција за решавање на споровите во Источен Медитеран, тој понатаму истакна дека Советот на ЕУ ќе ги следи случувањата и повторно ќе го процени ова прашање во декември.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, исто така, зборувајќи на прес-конференцијата, рече дека Европскиот пакт повикува на соработка со Турција врз основа на позитивна агенда, но таа повтори дека ЕУ ги поддржува Грција и кипарските Грци.
Таа го поздрави почетокот на дијалогот меѓу Атина и Анкара, но истакна дека ЕУ жали за односот на Анкара кон администрацијата на кипарските Грци.
Фон дер Лејен предупреди дека ЕУ ќе ги искористи сите инструменти и опции доколку Турција преземе еднострани активности, но дека пактот не го преферира тоа, бидејќи позитивните односи ќе бидат од корист за обете страни.
Таа истакна дека обновувањето на Царинската унија, подобрувањето на трговските односи и соработката во однос на миграциите треба да бидат на агендата и на Турција и на ЕУ, особено во време кога пандемијата на Ковид-19 ѝ нанесе тежок удар на меѓународната трговија.
Според соопштението на ЕУ во врска со самитот, од високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Џозеп Борел, беше побарано да организира мултилатерална конференција во Источен Медитеран каде што ќе се дискутираат повеќе прашања како што се областите со поморска надлежност, безбедност, енергија, миграција и економска соработка. Учесниците, форматот и датумот допрва треба да се преговараат.
Тензиите во Источниот Медитеран траат со недели, бидејќи Грција го оспорува истражувањето на енергијата на Турција.
Турција, земја со најдолг брег на Медитеранот, испрати наменски бродови за да ги изврши енергетските истражувања во својот континентален појас, велејќи дека Турција и Турската Република Северен Кипар (TRNC) имаат права во тој регион.
Со дијалог за праведна поделба на ресурсите, ќе имаат сите страни, посочуваат турските официјални претставници.