Hamdi Yıldız
18 Октомври 2021•Ажурирај: 19 Октомври 2021
ГАЗА
Палестинката Несрин Ебу Кумејл, ослободена од израелскиот затвор по 6 години, чека дозвола да ја премине границата за да ги прегрне своите деца во Газа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според палестинската невладина организација Здружение на палестински затвореници, Израел не и дозволил на Несрин Ебу Кумејл да влезе во Газа.
Децата кои копнеат да ја сретнат својата мајка, очајно чекаат во Газа.
Палестинката Ебу Кумејл, која чека дозвола на граничниот премин од израелска страна, на својот профил на социјалните медиуми објави: „Ќе чекам еден, два, ако треба дури три дена. Ќе се борам да се сретнам со своите деца.“
„Сакам да живеам во Газа со моите деца и мојот сопруг, не сакам ништо повеќе“, рече Несрин додавајќи дека нема да се врати назад и дека наскоро ќе биде заедно со своите деца.
Причината зошто Израел не и дозволува на ослободената Несрин Ебу Кумејл да ја премине границата со Газа засега не е соопштена.
Здружението на палестинските затвореници истакна дека Израел ја држел Ебу Кумејл на граничниот премин Бејт Ханун и не ѝ дозволува да влезе во Газа.
Здружение на затвореници „Ваид“, пак, ги повика меѓународните организации да интервенираат за да ја прекинат драмата на Ебу Кумејл.
„Ебу Кумејл сама чека на граничниот премин за да и биде дозволено да влезе во Газа“, се вели во соопштението на Здружение на затвореници „Ваид“.
Седумте деца, од кои најмалото имало 8 месеци кога бела уапсена од страна на израелските сили во 2015 година, со нетрпение го очекуваат денот кога ќе бидат повторно заедно со својата мајка, која ја немаат видено 6 години.
Ебу Кумејл, родена во градот Хаифа, дојде во Газа како невеста и почна да живее тука.
Таа беше приведен од израелските сили при преминување на граничниот премин Бејт Ханун во северна Газа на 18 октомври 2015 година.
Израелските власти во 2014 година ја осудија Ебу Кумејл на 6 години затвор, наводно, обвинувајќи ја Палестинката за „шпионажа“, вклучувајќи и фотографирање на пристаништето Хаифа, кога била во посета на своето семејство.
Седумте деца на Абу Кумејл, Фирас (19), Фарис (18), Емира (17), Мелек (15), Далија (13), Надин (9) и Ахмед (7), ги бројат деновите кога повторно ќе бидат заедно со својата мајка.