Ekipa
10 Септември 2017•Ажурирај: 10 Септември 2017
ЗАМБОАНГА (АА) - Филипинскиот претседател Родриго Дутерте, ги критикуваше борците за човекови права за нивните критики во врска со неговата борба против дрогата, а од друга страна ги игнорираат маките и страдањата на Рохинџа муслиманите во Мјанмар, пренесува Anadolu Agencu (AA).
Претседателот Дутерте истакна дека Аунг Сан Су Чи, добитничката на Нобелова награда за мир, не успева да одговори на кризата во врска со Рохинџа муслиманите, од кои се убиени стотици лица. „Погледнете што се случува во Мјанмар“.
„Таа (Аунг Сан Су Чи) е добитник на Нобелова награда“, нагласи Дутерте во своето обраќање на бизнис-конференцијата во јужниот филипински град Кагајан де Оро.
Дутерте наведе дека и покрај тоа што се во центарот на меѓународните вести, групите за човекови права не ја критикуваа Су Чи за нејзиниот неуспех во решавањето на кризата во Мјанмар, каде што муслиманите Рохинџа се брутално убивани.
Сепак, спротивно на изјавата на Дутерте, „Human Rights Watch“ (Хјуман рајтс воч) одговори на кризата во однос на муслиманите од Аракан, и апелираше до ОН да одржат отворен вонреден состанок.
Исто така, побараа од ОН да ги предупреди властите на Мјанмар дека ќе се соочат со остри санкции доколку не стават крај на бруталната кампања против заедницата на Рохинџа муслимани.
Дутерте додаде дека само Пекинг и Москва ја ценат кампањата на неговата администрација, и не упатиле никакви критики за убиствата во Манила.
„Human Rights Watch“, во вчерашното соопштение за печатот, ги повика ОН да спроведат истрага во врска со борбата против дрогата на Дутерте, по смртта на тинејџери во неодамнешните полициски операции. „Очигледните вонсудски егзекуции од страна на филипинската полиција на две деца во период од три дена ја нагласува потребата за истрага од страна на Обединетите нации на агресивната 'војна против дрогата' на претседателот Родриго Дутерте.
Иако неколку десетици лица под 18 години ги изгубија животите во борбата против дрогата од јуни 2016 година, „околностите покажуваат дека Филипинската национална полиција (PNP) намерно ги имала за цел двете деца“, се вели во соопштението на „Human Rights Watch“.
„Отфрлањето на владеењето на правото од страна на Дутерте ги направи сите Филипинци потенцијални 'жртви на војнатапротив дрогата', без оглед колку се млади“, се додава во соопштението.
Како одговор на тоа Дутерте порача: „застапници на човекови права... замолчете“.