Ekipa
23 Мај 2018•Ажурирај: 23 Мај 2018
ЗАМБОАНГА (АА) - Филипинскиот претседател Родриго Дутер синоќа во Манила изјави дека во овој момент не може да си дозволи да започне војна против Кина, јавува Anadolu Agency (AA).
Голем број парламентарци, експерти и аналитичари го критикуваат Дутерте поради пасивниот однос наспроти сè поголемото воено присуство на Кина во пограничните води, а и потпретседателот Лени Робредо повика на дипломатски протест кон Пекинг.
„Во овој момент не можам да си дозволам да одам во војна против Кина. Нема да влезам во битка од која не можам да излезам како победник, а која би резултирала со уништување на нашите вооружени сили. Навистина сакам да сторам нешто конкретно, но знаете, кога дојдов на функцијата веќе постоеше овој проблем во Западното Филипинско Море“, изјави Дутерте на церемонијата на одбележување на Филипинската морнарица.
Филипините во 2012 година и официјално дадоа назив Западно Филипинско Море за водената површина на западниот брег на таа земја, за да на тој начин се искаже суверенитет врз тоа подрачје.
Дутерте е на мета на критиките и на порадикалните кругови во Манила, кои го повикуваат да се спротистави на кинеската доминација во регионот, па дури и да посегне по воени решенија.
„Моја претпоставка е дека тоа би била поголема загуба за нашата нација, бидејќи би ја изгубиле таа војна. Без разлика дали го прифаќате тоа или не, тоа е реалноста на терен“, порача Дутерте.
Дутерте потоа ги повика Филипинските поморски сили да продолжат да ја извршуваат својата должност во заштита на нацијата.
„Сите вас ве повикувам да ги извршувате своите задачи и во наредните 120 години, за да дојдеме во можност да формираме морнарица која ќе трае вечно и можеби ќе бидеме во можност да вршиме инвазија и на други нации“, изјави Дутерте.
Кина моментално го контролира речиси целото подрачје на Јужното Кинеското Море, на кое право полагаат и властите на Брунеја, Малезија, Филипини, Тајван и Виетнам. Неодамна слетувањето на кинеските бомбардери на островот во тој регион предизвика остри осуди од соседите, меѓу кои најгласен беше Виетнам.
Парламентарниот арбитражен суд во Хаг во 2016 година заклучи дека Кина нема легални основи за апсолутна контрола на ресурите на богатата водена површина. Арбитражен процес започнаа Филипините. Кина не ја признава арбитражната одлука во која се наведува дека Пекинг го крши суверенитетот на Филипините.