Ekipa
09 Јули 2017•Ажурирај: 10 Јули 2017
СЕУЛ (АА) - Северна Кореја денес ги обвини САД дека си играат со оган, откако претходниот ден на полуостровот пристигнаа два американски бомбардери Б-1Б Лансер, јавува Anadolu Agency (AA).
Моќните авиони испратени од Гуам учествуваа во заедничките вежби во кои беа вклучени јужнокорејските и американските сили, во пресрет на првиот успешен интерконтинентално балистичко ракетено тестирање на Северна Кореја во вторникот.
„Обична погрешнa проценка или грешка може да доведе до избивање на нуклеарна војна, а тоа пак со сигурност ќе доведе до нова светска војна”, пишува во коментарот објавен во официјалниот весник на Пјонгјанг „Rodong Sinmun“.
Северна Кореја ги повикува САД да го повлечат своето воено присуство на полуостровот, оправдувајќи ги своите нуклеарни провокации како дефанзивна стратегија.
Официјален Пјонгјанг го спореди американскиот потег на испраќање на бомбардерите B-1B на Корејскиот Полуостров со играње со оган врз буре барут.
На Пјонгјант му е забрането тестирање на балистички проектили од страна на Советот за безбедност на ОН, кој размислува за понатамошни казнени мерки против оваа изолирана држава.