Servet Günerigök
13 Март 2022•Ажурирај: 14 Март 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, изјави дека ситуацијата во Украина ќе се влоши, наведувајќи дека рускиот претседател Владимир Путин нема да ја запре војната, известува Агенција Анадолија (АА).
„Ова би можело да доведе до трета светска војна. Гледам што се случува. Ако мислите дека Путин ќе запре, ќе биде сè полошо и полошо. Тој нема да го прифати тоа и немаме со кого да разговараме“, рече Трамп на собирот во американската држава Јужна Каролина.
Наведувајќи дека тој е оној кој можел да разговара со Путин, ја критикуваше администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, повторувајќи дека Путин никогаш не би започнал војна во текот на неговиот мандат.
„Никој никогаш не бил построг кон Русија од мене“, рече Трамп, поранешниот претседател на САД.
Според податоците на Обединетите нации (ОН), во Украина се убиени најмалку 564 цивили, а 982 се повредени од почетокот на војната од 24 февруари.
Агенцијата за бегалци на ОН објави дека над 2,5 милиони луѓе ја напуштиле Украина и избегале во соседните земји, а околу 2 милиони се раселени во Украина.