Almir Terzic
29 Јануари 2022•Ажурирај: 01 Февруари 2022
ЉУБЉАНА (АА) - Добитното ливче на наградната игра Евроџекпот од 11 милиони евра уплатено е во Словенија, во Рогашка Слатина, известува Агенција Анадолија (АА).
Добитната комбинација 5 + 2 била само една, а вредна е 11 милиони евра, објави Лотарија на Словенија.
Извлечени се броевите 5, 21, 23, 29 и 35, а како дополнителни 7 и 9.
Во Словенија биле вкупно 10.674 награди, вклучувајќи ја и главната, во вредност од точно 11.134.617 евра.