Дневната употреба на ВИ чет-бот поврзана со 30 % поголем ризик од депресија, открива американска студија
„Поголемите нивоа на употреба на ВИ се поврзани со умерено зголемување на депресивните симптоми“
ИСТАНБУЛ (АА) - Американците кои секојдневно разговараат со вештачка интелигенција (ВИ) се соочуваат со значително повисоки стапки на депресија од повремените корисници, се вели во студијата објавена вчера, пренесува Анадолу.
„Поголемите нивоа на употреба на ВИ се поврзани со умерено зголемување на депресивните симптоми“, напишаа истражувачите во „ЏАМА нетворк опен“, нагласувајќи дека шансите за најмалку умерена депресија скокнале за 30 % кај дневните корисници.
Анкетата на 20.847 возрасни лица во САД спроведена помеѓу април и мај 2025 година покажала дека 10,3 % пријавиле дневна генеративна употреба на ВИ, вклучувајќи 5,3 % кои се обраќаат на чет-ботови повеќе пати во текот на денот.
Помладите корисници се покажаа особено ранливи на влијанието врз менталното здравје, иако не е јасно дали ВИ предизвикува депресија или депресивните лица едноставно бараат повеќе дигитална интеракција.
Истражувачите нагласија дека е потребно понатамошно истражување за да се утврди дали врската е причинско-последична и да се објасни зошто влијанијата варираат кај различните возрасни групи.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
