Muhammed Emin Canik
27 Декември 2021•Ажурирај: 28 Декември 2021
БУЕНОС АИРЕС
Oбилните врнежи од дожд во државата Баија, во североисточниот дел на Бразил, предизвикаа катастрофални поплавите, од кои се поплавени на десетици градови. Плавите во бразилската држава Баија досега се причинаа за смртта на 18 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Надзорот за цивилна одбрана и заштита на државата Баија, се наведува дека бројката на починати во регионот поради постојаните дождови кои траат од ноември се зголемил на 18, а 2 лица се водат како исчезнати.
Надзорот за цивилна одбрана и заштита на државата Баија наведе дека 430.869 лица се погодени од катастрофалните поплави кои настанаа по обилните врнежи минатата недела.
Во соопштението се наедува дека 16.001 лице ги загубија своите домови, а 19.580 луѓе се евакуирани.
Во 72 града во државата Баија, со над 15 милиони жители, прогласена е вонредна состојба поради поројни дождови и поплави.
Руи Коста, гувернерот на државата Баија, истакна дека поплавите зафатиле огромен регион и дека 37 градови се целосно под вода.
Од друга страна, две брани се урнаа во близина на градовите Итамбе и Виторија да Конкиста во државата Баија.
Упатен е повик за евакуација до лицата што живеат во близина на реката Веруга поради уривањето на браната во Итамбе. Нема загинати или повредени.
Катастрофални поплави го зафатија јужниот дел на државата Баија, сместен на североистокот на Бразил, предизвикани од обилните врнежи од дожд кои започнаа минатата недела.