Betül Yürük
24 Мај 2018•Ажурирај: 24 Мај 2018
ЊУЈОРК (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп е дочекан со протести во Њујорк, неговиот роден град, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп синоќа допатува во Њујорк за да присуствува на хуманитарниот донаторски собир во хотелот „Lotte New York Palace“ на Менхетен.
Пред хотелот го дочека поголема група демонстранти кои порачаа дека во Белата куќа сакаат да го видат својот лидер, а не човекот кој објавува чудни пораки на Твитер.
„Лажго, крадец, ловец“, извикуваа демонстрантите кои носеа и транспарент со порака дека режимот Трамп-Пенс мора да падне.
Њујорк се смета за силна тврдина на Демократската партија, а за време на синоќешната посета на Трамп се преземени максимални безбедносни мерки.