Ahmet Emin Dönmez
05 Октомври 2021•Ажурирај: 06 Октомври 2021
ЈАУНДЕ
Дваесет и еден цивил загина во судирите во провинцијата Итури во Демократската Република Конго кои продолжија два дена меѓу бунтовниците и војската, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите што ги објавија националните медиуми, во местото Липри во провинцијата Итури два дена се воделе борби меѓу Вооружените сили на Демократската Република Конго и бунтовничката група „Алијанса за развој на Конго“.
Во вестите се истакнува дека судирите завршиле, а дека безбедносните сили ја презеле контролата врз подрачјето.
Инаку, претседателот на Д. Р. Конго, Феликс Чисекеди, на 7 мај 2021 година прогласи воена блокада со цел преземање на контролата врз безбедноста во провинциите Итури и Северен Киву каде беше забележан раст на насилствата.
Се проценува дека во нападите на бунтовници кои дејствуваат во источниот дел на земјата, животот го загубиле најмалку 6.000 цивили, од 2014 година досега.