Ekipa
09 Август 2017•Ажурирај: 09 Август 2017
АЛЕПО (АА) - МУХАМЕД МИСТО - Нур Сетут, родена во 2011 година, кога започна граѓанската војна во Сирија, има желба да стане светски шампион во боречкиот спорт карате, кој го научи од своите родители, пишува Anadolu Agency (AA).
Тренерите на Нур, нејзините мајка и татко, и покрај неповолните услови, својата ќерка ја подучуваат карате уште од кога таа почнала да оди.
Шест и полгодишната Нур, во разговор со АА истакна дека кога во Алепо запираат бомбардирањата, таа заедно со својот татко тренира во една спортска сала којашто е празна, а пак за време на бомбардирањата тренира дома со своите родители.
Нур пренесе дека во иднина сака да постигне големи успеси. „Сакам да бидам позната, светски шампион“, вели таа.
Таткото на Нур, Васим Сетут, нагласи дека заедно со сопругата се трудат во своите деца да всадат љубов кон спортот. Тој додаде дека тренинзите на Нур ги држи во спортска сала, а пак неговата сопруга ги држи тренинзите дома за нивната ќерка. Како што вели, тие ѝ пуштат видеа за карате на својата ќерка.
„Во текот на евакуацијата минатата година, моравме да го напуштиме Алепо. Се сместивме во Кефер Кармин, во западниот дел на Алепо. Исто така, тука продолжуваме со тренинзи“, вели таткото Сетут, истакнувајќи дека кога дошле во Кефер Кармин барале место за тренинг, и сега тренираат во една напуштена куќа.
Тој истакна дека Нур учествува во многу детски програми и веќе е позната во Кефер Кармин. „Нашите можности тука се ограничени. Не беше лесно Нур да стигне на ова ниво. Барав половна облека за карате за Нур, но и тоа не го најдов. Потоа, по долго барање најдов облека во еден локален магацин сo стари користени алишта“, додаде тој.