Şerife Çetin
26 Јуни 2018•Ажурирај: 27 Јуни 2018
ЛУКСЕМБУРГ (АА) - Девет земји од Европската Унија (ЕУ), независно од Унијата, потпишаа Писмо за намера за формирање воени сили кои би обезбедиле брза реакција во кризни периоди, јавува Anadolu Agency (AA).
На состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ кој се одржа во Луксембург, министрите за одбрана на 9 земји членки на ЕУ потпишаа Писмо за проект за соработка во одбраната, кој предвидува формирање воени сили именувани како „Иницијатива за европска интервенција“, чија задача е брза интервенција во кризни ситуации.
На иницијатива на Франција, во овој проект се вклучија Германија, Белгија, В. Британија, Данска, Холандија, Естонија, Шпанија и Португалија.
Вниманието го привлече В. Британија, која во моментов се наоѓа во период на одвојување од ЕУ. Се претпоставува дека оваа иницијатива на В. Британија ќе ѝ овозможи да ја продолжи соработката на полето на одбраната со земјите членки и по одвојувањето од Унијата.
Се истакнува дека одлуката за учество во операциите кои ќе се спроведуваат во рамките на иницијативата ќе претставува национална одлука.
Одлуката на деветте земји да делуваат независно од останатите земји членки на ЕУ предизвика коментари според кои тоа би можело да отвори пат за поделба во самата Унија.