Двајца полицајци загинаа во експлозија во Москва за време на обид да приведат лице
- Според прелиминарната истрага, двајца сообраќајни полицајци забележале сомнително лице во близина на нивното патролно возило на улицата Јелцкаја синоќа.
МОСКВА (АА) - Рускиот истражен комитет денес соопшти дека двајца полицајци биле убиени во експлозија додека приведувале сомнително лице во Москва, јавува Анадолу.
Според прелиминарната истрага, двајца сообраќајни полицајци забележале сомнително лице во близина на нивното патролно возило на улицата Јелцкаја синоќа.
Кога му се приближиле, била детонирана експлозивна направа, при што двајцата полицајци, како и осомничениот загинале на самото место.
Истражителите и форензичките експерти започнаа увид на местото на настанот.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
