Elena Trenchevska Chekovic
23 Октомври 2025•Ажурирај: 24 Октомври 2025
СКОПЈЕ (АА) - Двајца новинари се убиени, а еден е повреден во руски воздушен напад денес врз Краматорск, соопшти Националната полиција на Украина, јавува Анадолу.
Полицијата соопшти дека нападот се случил рано утрово во близина на бензинска пумпа.
Русија ја започна својата „специјална воена операција“ во Украина во февруари 2022 година за „денацификација“ и „демилитаризација“ на Украина.
Според нејзиниот меморандум за решавање на конфликтот, Москва побара забрана за приклучување на Киев кон воени сојузи и повлекување на украинските трупи од Донецк, Луганск, Запорожје и Херсон, регионите што ги анектираше по референдумот во септември 2022 година, меѓу останатото.
Украина ги нарече условите „ултиматум“ и повика на прекин на огнот како предуслов за преговори.