Hakan Mehmet Şahin
04 Март 2020•Ажурирај: 05 Март 2020
ЕДРЕНЕ (АА) - Кабинетот на гувернерот на Едрене соопшти дека полициските и пограничните сили на Грција отвориле оган при што е убиен еден нелегален мигрант, а ранети се петмина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Се наведува дека грчките безбедносни сили во таа прилика користеле шок-бомби, солзавци, гумени, но и боеви куршуми.
„Ранети шест мажи. Тројца во нога, еден во пределот на препоните, еден во глава и еден во пределот на градниот кош. Лицето што е рането во пределот на градниот кош, чиј идентитет сè уште не е познат, итно е префрлено во болница, но им подлегнало на повредите и покрај напорите на лекарите“, се додава во соопштението.
Од Кабинетот на гувернерот на Едрене наведоа дека денес Едрене ќе го посетат група турски претставници за да се информираат за состојбата на тоа подрачје во врска со мигрантите.