Ayhan Mehmet
20 Март 2024•Ажурирај: 21 Март 2024
КОМОТИНИ (АА) - Борбен авион од типот Ф-16 на Грчките воздухопловни сили се урна во морето кај егејскиот остров Псатура, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Борбениот авион, кој ѝ припаѓа на 337. ескадрила на 110. борбено крило, учествувал во лет за обука, објави грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на соопштение на грчкото воздухопловство.
Пилотот успеал да се катапултира од авионот со едно седиште пред ударот.
Подоцна бил лоциран и спасен и со хеликоптер бил пренесен во болница.