Kemal Karadağ
26 Мај 2022•Ажурирај: 27 Мај 2022
АНКАРА (АА) - Грчките безбедносни сили со гумени куршуми повредија двајца авганистански мигранти кои се обидувале да ја преминат границата за да стигнат во другите европски земји, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите до кои дојде новинарот на АА од безбедносни извори, грчката полиција употребила гумени куршуми за да спречи нерегуларни мигранти да преминат во Европа. При тоа повредени се двајца авганистански државјани.

На мигрантите, кои се здобиле со повреди на различни делови од телото, им е укажана помош.
Грција претходно ги враќаше мигрантите во Егејското Море употребувајќи сила.
Поради нехуманите постапки на Грција, во текот на зимската сезона имаше и случаи на смрзнување на мигранти со смртен исход.