Furkan Naci Top
28 Август 2018•Ажурирај: 28 Август 2018
АТИНА (АА) - Се сруши воен авион за обука во Грција, при што животот го загуби еден пилот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на грчката државна телевизија „ЕРТ“, авионот за обука од типот „T-2“ се изгубил од радарот по извесно време откако полетал од воздушната база во градот Триполи, кој се наоѓа во грчкиот полуостров Пелопонез.
Се вели дека авионот се срушил во подрачјето на Спарта, а на местото на настанот се упатени противпожарните тимови, како и воени единици. Тимовите за пребарување и спасување го пронајдоа трупот на едниот пилот.
Помошник-пилотот ја преживеал несреќата, и потоа бил пренесен во болница, а неговата здравствена состојба е добра.