Derya Gülnaz Özcan
28 Февруари 2022•Ажурирај: 01 Март 2022
АТИНА (АА) - Грција престана да дава и да ги обновува дозволите за престој на руските државјани кои во земјата доаѓаат за инвестициски цели, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на грчкото Министерство за миграција и азил се наведува дека по инструкција на министерот за миграциja и азил, Нотис Митаракис, процесот на испитување на барањата за дозволи за престој за инвестициски цели на оние што доаѓаат од Руската Федерација е суспендиран и дека новите апликации нема да бидат прифатени.
Меѓу другото, во соопштението се наведува дека дозволите за престој во категоријата „Виши функционери на компанија“ нема да се разгледуваат до понатамошна одлука и дека Грција ќе ги чека одлуките на Европската Унија што ќе бидат донесени на оваа тема.