Mehmet Hatipoğlu
10 Април 2018•Ажурирај: 11 Април 2018
КОМОТИНИ (АА) - Случаите на злоупотреба на деца во Грција достигнаа загрижувачки размери. Податоците на грчката полиција покажуваат дека 325 деца под 15 години беа силувани во последните 2,5 години. Најголемиот дел од нападите ги извршиле членови на семејството, јавуваат грчките медиуми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Трите неодамнешни случаи на сексуална злоупотреба на деца ја потресе грчката јавност, пишува грчкиот весник „Неа Селида“.
„Сите знаат дека овие случаи се само врв на сантата мраз“, се наведува во весникот.
Андонис Maганас, од Универзитетот „Пантеон“ во Атина, рече дека педофилијата е феномен кој одамна е присутен во Грција, но дека проблемот стана уште поизразен во последниве години.
„Истражувањето на Институтот за детска здравствена заштита покажуваат дека секое осмо дете е сексуално злоупотребено. Сексуалните напади врз мали деца достигнаа алармантни размери“, рече Марганас.
Тој додаде дека за проблемот почнало да се зборува во последно време, а дека за него порано не се зборувало поради социјални причини.
„Грција, иако со задоцнување, почнува да станува една од земјите кои реагираат на злоупотребата на деца. Она што се променило е претставувањето на проблемот. Започна уривањето на предрасудата 'што ќе речат луѓето' “, истакна Марганас.
Аки Ксенаки, психолог на Фондацијата „Детска насмевка“, укажува дека децата сексуално се злоупотребуваат, главно од нивните блиски.
„За жал, повеќето случаи со кои се соочуваме се поврзани со сексуална злоупотреба на деца од страна на членовите на семејството“, додава тој.
Неодамнешен случај во очите на јавноста дојде од Катерини, каде што 14-годишното девојче било силувано шест години. Четири лица се уапсени, а еден од нив е таткото на девојчето.
Беше приведено 30-годишно лице поради силување на 14-годишно момче во градот Агринио, а во Солун, 63-годишен човек за силување на деца на возраст од 12 и 15 години.
Исто така, во Волос, 70-годишен маж беше осуден на 18 години затвор за силување на 11-годишно внуче. На островот Кос, беше приведено 65-годишно лице за сексуална злоупотреба на помлади членови на семејството на возраст од 7 и 11 години.