КУДС
Бројката на луѓе што живеат во повеќе од 250 нелегални еврејски населби во окупираниот Западен Брег денес достигна половина милион, јавува Агенција Анадолија (АА).
Израелската власт нуди многу економски привилегии, вклучувајќи и даночни ослободувања, за оние што ќе изберат да живеат на териториите што се под воена власт уште од 1967 година, со цел да го зголеми бројот на еврејски доселеници на тие простори.
Радикалните групи од Евреите, што живеат во овие населби поврзани со посебни патишта со Израел и меѓусебно, често организираат напади врз Палестинците.

Маали Адумим, која се наоѓа во близина на Кудс (Ерусалим), е една од најголемите населби на Западниот Брег со популација од околу 70.000 луѓе.
Отидовме во оваа населба и тамошните жители ги запрашавме „Зошто одбравте да живеете во окупираната палестинска земја? Дали прифаќате дека станува збор за окупирана палестинска земја?“
Како одговор на поставените прашањата ги добивме следните одговори:
- „Господ нам ни ја даде оваа земја“
Естер, еврејска жителка со потекло од Украина (не сакаше да ги спомене своето презиме и професија): „Како што вели Тората, Господ нам ни ја даде оваа земја. И Господ ни рече дека треба да бидеме тука. Ние сме тука затоа што Господ ни рече да бидеме тука.“
Прашање: „Имаше луѓе што живееја тука пред вас, што мислите за нив?“
Естер: „Не разбирам?“
Прашање: „Имаше Палестинци што живееја тука и во војната…“
Естер: (Покажувајќи несогласување почна да се оддалечува) „Не, извинете, но не сакам да бидам дел од ова! Ова е наша земја!“
- „Тука сум за да може со зголемување на популацијата на Израелците, Западниот Брег да се додаде на Израел“
Туристичкиот водич Дејвид Хаиври, еврејски доселеник со американско потекло, го рече следното: „Регионот Јудеја и Самара (името на Западниот Брег што му е доделено од страна на Израел), што вие го нарекувате Западен Брег, според мојот поглед на светот е дел од израелската земја и мора да биде под суверенитетот на Израел.

Живеејќи тука (на Западниот Брег), за мене е важно зголемувањето на израелската популација на овие простори со тоа што на тој начин Израел ќе може да презентира една реалност според која во иднина ќе може да ги припои овие територии кон државата Израел.“
- „Да не бевме ние, Палестинците сè уште ќе живееја со коњи и магариња“
Прашање: „Според вас, зарем овие простори не се палестинска земја?“
Идан Зенди (градинар): „Не.“
Прашање: „Дали е територија на Израел?“
Идан Зенди: „Да.“
Прашање: „Зарем не е под окупација?“
Идан Зенди: „Не. Слушај. Има многу места каде што можат да живеат Палестинците. Тоа се Јордан, Ирак, Либан, Сирија и Египет. Има многу места. Ние имаме само една земја. На овој огромен свет имаме само една земја. Само Израел. Да не бевме ние (Палестинците) сè уште ќе живееја со коњи и магариња. Ова е нашето место. Погледнете ја историјата, отворете ја Тората, отворете ја секоја книга што можете да ја отворите и прочитајте ја. Ќе видите дека Израелците живееле тука многу години пред Палестинците.“
- „Ова не е окупирана, тоа е ослободена земја“
Марин Такисни (сметководител): „Не мислам дека ова место е под окупација. Мислам дека ова е ослободена земја (од Палестинците). Да, мислам дека ова е дел од државата Израел.“

- „Не постои место Палестина“
Елјезиер Енди (стоматолог): „Мислам дека ова место не е окупирано.“
Прашање: „Во ред, а дали е дел од Израел?“
Елјезиер Енди: „Според мене, ова е дел од Израел.“
Прашање: „Дали целиот Западен Брег?“
Елјезиер Енди: „Да, да, дел е од Израел.“
Прашање: „Зар нема земја наречена Палестина?“
Елјезиер Енди: „Верувам дека нема.“

- „Живеам тука затоа што е поевтино отколку на друго место“
Јоси (не сакаше да го спомене своето презиме, наставник): „Избрав да живеам тука од економски причини. Тука е многу поевтино од кое било друго место. 30 проценти поевтино. Пред многу години израелската Влада им даде некои привилегии на оние што живееја тука. Но пред 20 години им ставија крај на тие привилегии.“