свет

Германскиот министер Зихофер: „Најголемата закана доаѓа од екстремната десница“

Зихофер го претстави Извештајот за кривични дела од политички побуди за 2019 година, заедно со Холгер Мунч, шефот на Федералниот оддел за криминал во Берлин и Георг Маер, министерот за внатрешни работи на покраината Тирингија

Erbil Başay  | 27.05.2020 - Обновена : 28.05.2020
Германскиот министер Зихофер: „Најголемата закана доаѓа од екстремната десница“

БЕРЛИН (АА) - Германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зихофер, рече дека најголемата закана во земјата доаѓа од екстремната десница, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Зихофер го претстави Извештајот за кривични дела од политички побуди за 2019 година, заедно со Холгер Мунч, шефот на Федералниот оддел за криминал во Берлин и Георг Маер, министерот за внатрешни работи на покраината Тирингија.

Посочувајќи дека во Германија во 2019 година биле извршени 41.177 кривични дела од политички побуди, Зихофер рече дека тие се зголемиле за 14 проценти во однос на 2018 година.

„Најголемата закана доаѓа од екстремната десница“, рече Зихофер, посочувајќи дека повеќе од половина од кривичните дела од политички побуди (22.342) во 2019 година се извршени од екстремни десничари.

Тој исто така истакна дека делата извршени од екстремните десничари се зголемиле за 9,4 проценти во 2019 година во однос на 2018 година.

Зихофер изјави дека 63,8 проценти од кривичните дела извршени од екстремни десничари се во вид на пропаганда, 13,7 проценти се провокации на населението, 4,9 проценти штета на имот и 4,4 проценти се насилни кривични дела.

Според него, кривичните дела за антисемитизам се зголемиле за 13 проценти во однос на 2018 година, и се зголемени на 2.032.

Истакнувајќи дека борбата против екстремната десница продолжува, Зихофер рече дека во тој контекст наесен ќе се преземат и други мерки и дека за нив ќе се разговара во Федералното собрание.

- Се зголемија и антиисламските кривични дела -

Според извештајот за дела од политички побуди за 2019 година, антиисламските кривични дела извршени во Германија во 2019 година се зголемиле за 4,4 проценти во однос на претходната година.

Во 2019 година се регистрирани вкупно 950 дела од антиисламски побуди, 90,1 процент од тие дела ги извршиле екстремни десничари.

Бројот на регистрирани дела во категоријата ксенофобија се зголеми за 2,7 проценти во однос на 2018 година, и минатата година ја достигна бројката од 7. 909 дела.

Кривичните дела кои спаѓаат во категоријата „дела од омраза“ исто така се зголемиле за 5,8 проценти во однос на минатата година, односно во 2019 година изнесувале 8.585.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.