свет

Германскиот канцелар Мерц објави нов мировен план за Украина кој се однесува на територијалните прашања

- Говорејќи на прес-конференција во Берлин, Мерц откри дека тој, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер вчера телефонски разговарале за новиот мировен предлог со американскиот претседател Доналд Трамп.

Ayhan Şimşek  | 11.12.2025 - Обновена : 11.12.2025
Германскиот канцелар Мерц објави нов мировен план за Украина кој се однесува на територијалните прашања

БЕРЛИН (АА) - Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека Киев и европските сојузници подготвиле нов предлог за мир во Украина, кој се однесува на територијалните прашања, а кој ќе биде разгледан со Американците во текот на викендот, јавува Анадолу.

Говорејќи на прес-конференција во Берлин, Мерц откри дека тој, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер вчера телефонски разговарале за новиот мировен предлог со американскиот претседател Доналд Трамп.

„Главното прашање овде е какви територијални отстапки е подготвена да направи Украина. Сепак, ова е прашање на кое првенствено мора да одговорат (...) украинскиот претседател и украинскиот народ, како што му ставивме до знаење и на претседателот Трамп“, рече Мерц.

„И ако сега продолжиме со овој процес како што предвидуваме, ќе има разговори со САД во текот на викендот. А потоа, можеби ќе има состанок тука во Берлин на почетокот на следната недела. Дали САД ќе учествуваат или не зависи многу од заедничкото изготвување на документите“, додаде тој.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.