Gökhan Ergöçün
02 Октомври 2019•Ажурирај: 03 Октомври 2019
ИСТАНБУЛ
Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ (Volkswagen) основаше производствена фирма во Маниса, турска област покрај Егејот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Претпријатието „Volkswagen Turkey Otomotiv Sanayi ve Ticaret A.S.“ е основано со капитал од 943,5 милиони турски лири (164,46 милиони долари).
Компанијата во западна Турција е основана за дизајнирање, производство, склопување, продажба, увоз и извоз на автомобили, камиони и сите видови моторни и транспортни возила, како и нивни делови и компоненти.
Членови на Одборот на новоформираната компанија се Јенс Келербах и Југер Унсер.